Малдини го предизвика Интер: Ние пред вас ќе стигнеме до 20-тата титула

Легендарниот Паоло Малдини, кој како играч на Милан освои седум Скудета во Италија, а сега е директор на Милан, изјави дека Росонерите пред Интер ќе дојдат до 20-тата титула во Серија А, и втора ѕвездичка на дресот.

Во моментов, градските ривали Интер и Милан се изедначени со по 19 титули.

„Се израмнивме со Интер, а ние пред нив ќе добиеме и втора ѕвездичка на дресот“ – искоментира Малдини, чиј син Даниел првпат освои титула и стана трета генерација од семејството после дедото Чезаре и таткото Паоло, кој бил првак на Италија во дресот на Милан.

Од 19-те титули на Милан, во 12 имале играч од семејството Малдини.

- Оглас -

Најнови вести