Малдини ќе биде спортски директор на Манчестер јунајтед ако дојде до промени во сопственичката стуктура

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, Паоло Малдини, би можел да биде нов спортски директор на Манчестер јунајтед, но под еден услов кој се однесува на сопственичката структура.

Најбогатиот Англичанец, сер Џим Ретклиф, се откажа од целосно преземање на Манчестер јунајтед, и сега преговара со браќата Глејзер за купување на поголем дел од акциите на Црвените ѓаволи, и по преземање на дел од обрските, прв потег би му бил ангажирање на Малдини за спортски директор.

Малдини до летото беше спортски директор на Милан и има огромни заслуги за освоената титула на Росонерите во Серија А пред две години, но поради несогласување со сопствениците, си замина од „Сан Сиро“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести