Манчестер јунајтед го победи Милан дури по подобро изведување на пенали, во меч одигран во Кардиф, во рамките од Интернационалниот куп на шампиони. Црвените ѓаволи победија со 5:4 по изведувањето на ударите од белата точка, откако во регуларниот дел, дуелот заврши 2:2.
Во пенап-рулетот клучниот момент беше во петата серија, кога Даниел Малдини промаши за Милан. Манчестер јунајтед ги даде сите пет пенали и стигна до нова победа. Даниел (17 години) е син на легендарниот капитен на Милан, Паоло и внук на прославениот голман на Росонерите, Чезаре.
Манчестер јунајтед кој успеа да ги добие претходните пет пријателски меча и тоа со само еден примен гол, добро го почна мечот. Маркус Рашфорд погоди за водство во 14 минута, но Милан брзо се врати. Сусо погоди во 26 минута за 1:1 на полувреме.
Росонерите стигнаа и до водство од 2:1, благодарение на автоголот на Линделоф во 60 минута. Манчестер се спаси од ораз со голот на Лингард во 72 минута, што беше резултат по 90 минути.
По победата во пенал-серијата, Манчестер стигна до третиот триумф во Интернационалниот куп на шампиони, но сепак не ја стигна Бенфика, која има три победи во дуели по 90 минути игра.