Малер, а можеше да биде херој по два погодени точни резултати и три „икса“ (Фото)

Гевгеличанец можеше да го има еден од најмајсторските добитни тикети годинава, а на крајот немаше среќа и за малку не доби околу 200.000 денари само за 20 денари уплата.

Во четвртокот попладне во Sport Life во Гевгелија е уплатен тикет со шест фудбалски мечеви од Јужна Америка кои се играа доцна вечерта, а можната бруто-добивка беше дури 226.485 денари со минимален влог од 20 денари.

Овој играч типувал дека три меча ќе завршат нерешено, а на други три го прогнозирал точниот резултат. Ремијата ги погоди, погоди и два точни резултати со огромни квоти, се „лизна“ само кај еден пар, кој ако го погодеше, ќе имаше фатен коефициент од неверојатни 11.324.

На дуелот Емелек – Индепендиенте дел Ваље од еквадорската лига, прогнозирал дека конечниот резултат ќе биде 1-1, а средбата заврши со победа на домашните од 2-0.

- Оглас -

Најнови вести