Малер е да го победиш Ѓоковиќ, следното коло си аут

Шпанецот Роберто Баутиста Агут ја доживеа истата судбина како и Филип Колшрајбер, а и двајцата кусо ѝ се радуваа на големата победа против Новак Ѓоковиќ бидејќи испаднаа веднаш во следното коло.

На Колшрајбер тоа му се случи неодамна, на АТП-турнирот во Индијан Велс, а Агут кусо се радуваше бидејќи во Мајами загуби од Џон Иснер вчера, во меч со два тај-брејка.

Американецот сервираше одлично и го доби мечот со 7:6 (1), 7:6 (5) со што се пласира во четвртфиналето и патем го исфрли од игра сензационалниот победник против прворангираниот светски тенисер Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести