Малер на денот: Ах таа Швајцарија, „статива“ тикет во Кочани со квота 233 (Фото)

Еден обложувач кој вчера уплатил тикет во објект на обложувалницата Sport Life во Кочани, може да се нарече малер на денот, бидејќи тикетот со квота 233,17, за малку не беше добитен.

На уплата од 100 денари, потенцијалната добивка беше повеќе од добра, а типувани се исходи на четири фудбалски мечеви од Лигата на нации.

На дуелот Шведска – Норвешка, се бараа голови на двете страни во второ полувреме, а Швеѓаните постигнаа гол во судиското продолжение. Погодено е и дека Грција ќе победи во Косово во меч со 0-2 гола, средбата заврши 1-0 за нашите јужни соседи.

И за мечот Србија – Словенија немаше проблем да фати кец и два гола во второ полувреме, па остана да чека уште Швајцарија да даде гол во второ полувреме на гостувањето кај Португалија за тикетот да биде добитен.

Швајцарија до пред мечот со Португалија, имаше серија од седум натпревари по ред на кои даваше гол. За несреќа на обложувачот од Кочани, Швајцарците синоќа не ја затресот мрежата на противникот, па одличниот тикет со големи квоти, за тој еден  гол кој фалеше, не е добитен.

- Оглас -

Најнови вести