Малер на годината: Недостасуваше само еден гол за добивка од 10 милиони денари (Фото)

Играчот на Sport Life од Гевгелија слободно може да се прогласи за малер на годината, откако за само еден гол не дојде до добивката од речиси 10 милиони денари. Гевгеличанецот еден ист тикет го уплати двапати по 20 денари, а беа одиграни 31 натпревар со исто игра, во двете полувремиња да има по еден гол.

Малерот се случи на натпреварот од данското првенство помеѓу Силкеборг и Митјиланд, кој заврши со победа на домашните од 3-0, но сите три гола паднаа во првото полувреме, а во второто немаше погодоци.

Бруто добивката на тикетот е 10 милиони денари, додека нето добивката е по 4.250.003 денари по тикет.

- Оглас -

Најнови вести