12.8 C
Skopje
петок, 7 ноември 2025

Малер на годината: одигра четири меча на точен резултат, го „бутна“ промашен пенал во 90+14 минута (Фото)

Секој уплатен тикет си има посебна приказна, но тикет кој вчера беше уплатен во Гевгелија е посебно интересен. Одиграни се четири меча и тоа на играта „точен резултат“, а тоа што е интересно, погодени се три резултат, додека еден е промашен „за влакно“.

Во првенството на Тунис. без голови заврши мечот меѓу Стад Тунис и Клуб Африкан. Многу неизвесно беше во реванш мечот од осминафиналето во бразилскиот куп за фудбалери до 20 години, каде Бахиа со 2:1 славеше над Фортазела. Интересно за овој меч е дека до 75 минута беше 0:0, а потоа домаќините погодуваа во 76 и 88 минута, додека гостите дадоа гол во 90+1 минута и точниот резултат беше погоден.

Во вториот меч од овој бразилски куп за играчи до 20 години, Фламенго со 2:0 славеше над Атлетико МГ, точен резултат кој донесе добитна квота од 8.75.

Драмата поради која тикетот не е добитен за вкупен коефициент од 2.156 се случи во првнството на Иран, каде играа Малаван и Шамс Азар.

На тикетот е уплатен точен резултат од 1:0, но за жал на обложувачот, дуелот на крајот заврши 0:0. Маката да биде поголема, домашниот тим на Малаван имаше шанса да победи со 1:0, откако беше досуден пенал во нивна корист и тоа во 90+14 минута. Сепак, домаќините го промашија пеналот кој требаше да донесе победа од 1:0 и погоден точен резултат.

Од Sport Life решија дека еден ваков феноменален тикет сепак заслужува да биде награден, па обложувачот ќе добие можност во секој од следните 30 дена да уплаќа по еден ваучер од 50 денари.

- Оглас -

Најнови вести