Малер на годината: Во 94-та минута остана без 250.000 фунти

Обложувач во Англија остана без 250.000 фунти добивка поради погодокот на Емерсон против Атлетико Мадрид во четвртата минута од судиското надополнување со кој ја потврди победата на Челзи од 2-0.

Бразилецот со италијански пасош со првиот негов контакт со топката воопшто го совлада Облак, а од несреќниот обложувач направи малер на годината. Тој погоди пет типови меѓу кои и еден точен резултат, додека во реваншот меѓу Сините и Јорганџиите се надеваше дека ќе нема повеќе од еден гол.

Иако во финишот од мечот беше јасно дека Челзи ќе ја добие средбата, Емерсон погоди за 2-0, па така обложувачот остана со 6.000 фунти како утешна награда.

https://twitter.com/SkySportsNews/status/1372312665603911685

- Оглас -

Најнови вести