Малер во Букурешт – Дувна силен ветар, летна пехарот на УЕФА за ЕП (Видео)

Промоцијата на пехарот на УЕФА наменет за идниот европски првак во Букурешт доживеа фијаско откако при свечениот чин поради силен ветар падна на земја.

При самата презентација падна паното што стоеше како рекламен материјал и го урна и пехарот. Романците велат дека не е оштетен, но целата ситуација е по малку и смешна и стана вирален хит на социјалните мрежи.

Македонија ќе игра два меча во Букурешт, на Националната арена, против Австрија во дебитанскиот настап на големите натпреварувања на 13 јуни и четири дена подоцна против Украина.

Последниот меч од фазата по групи ќе го играме во Амстердам, на „Јохан Кројф арената“ против Холандија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести