Малер: Во шпанската Ла Лига има играч кој не знае за победа од април 2021

Реал Мадрид синоќа ја оправда фаворитската улога против Елче и победи со 3-0, а притоа на Кралскиот клуб му беа поништени дури три гола по прегледување на снимка и со тоа фудбалерот Карлос Клерк изедначи негативен рекорд во Шпанија.

Несреќниот Клерк има црна серија од 31 (25 за Леванте и 6 за Елче) лигашки натпревар по ред без да ја почувствува победата. Клерк во минатата сезона играше за Леванте, тим кој сезоната ја одигра многу лошо и испадна, а летоска се пресели во Елче, но и тука не му цутат розите, Елче е последен на табелата.

Освен Клерк, само уште Хаиме Ромеро имал ваква црна серија од 31 меч без победа, па ако Елче не победи ни во следното коло, Клерк ќе биде рекордер.

Последната победа на тим за кој играл Клерк беше на 10 април 2021 година, кога Леванте го совлада Еибар со 1-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести