2.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Малер за Арсенал, остана без Микел Мерино за подолг период

Фудбалерот за врска на Арсенал, Микел Мерино, претрпе сериозна повреда, при што се претпоставува дека има скршеница на ногата. Се очекува играч на Топчиите да биде надвор од теренот подолг период, но сè уште не е познато точно колку ќе трае неговото закрепнување.

Арсенал веќе разгледува краткорочни опции и можност за позајмување играч за таа позиција, но не е сигурно дали ќе успеат да обезбедат засилување навреме за претстојните натпревари.

Тимот на Микел Артета моментално има шест бода предност пред Манчестер сити на врвот на табелата во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести