20.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Малер за Австријците ја олеснува работата за Македонија

Домашната репрезентација на Австрија се соочи со голем малер на стартот на Европското првенство. На вчерашниот тренинг левиот бек Александар Херман тешко се повреди. Херман заработи скршеница на метатарзална коска на стапалото и за него континеталниот турнир заврши и тоа уште пред да започне првиот меч.

Австрија е во група со Македонија, а мечот ќе биде во рамките од третото коло од групната фаза. На местото на повредениот Херман, Австријците го повикаа Даниел Дикер. Дикер е играч на Грац кој има само пет настапи за националниот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести