9.8 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Малер за Реал: Мбапе поради повреда нема да игра против Бенфика

Сериозен удар добија Реал Мадрид и тренерот Алваро Арбелоа во пресрет на утрешниот реванш-натпревар против Бенфика од плејофот во Лигата на шампионите. Најголемата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, нема да може да игра поради повреда на левото колено, открива „Л’Екип“.

Засега нема официјални информации од Реал Мадрид, а не се очекува ниту тоа да го потврдат, оставајќи барем мала дилема дали Французинот ќе биде подготвен за настап.

Реал Мадрид има предност од 0-1 по првиот меч во Лисабон, но далеку од тоа дека работата е завршена.

Бенфика исто така е десеткувана, со оглед дека нема да игра суспендираниот од УЕФА, Џанлука Престијани, кој имаше инцидент со Винисиус јуниор, а на клупата нема да биде и тренерот Жозе Мурињо, кој доби црвен картон на првиот меч.

- Оглас -

Најнови вести