Бјанка Ванеса Андрееску го постигна најголемиот успех во кариерата, го крена пехарот на Роџерс купот во Монтреал, а до титулата дојде на невообичаен начин.
На самиот старт на финалето, при нејзина предност од 3:1 во гемови Серена Вилијамс се повреди и го предаде мечот. Без разлика на начинот на кој го освои пехарот, ова за 19-годишната Канаѓанка е најголем успех и тоа пред својата публика.
Вилијамс играше одлично на турнирот, иако веќе е ветеранка на 37-годишна возраст, но доживеа голем пех во мечот за титулата. И пропушти шанса да биде четирикратна шампионка на турнирот и да се израмни со двете рекордерки, Моника Селеш и Крис Еверт, кои имаат по 4 пехари во својата колекција.
За Андрееску ова е втора ВТА титула во кариерата, а и двете ги освои годинава.