34.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Малериште: Трипати го однесе син му на стадион да го гледа Роналдо, а Кристијано не настапи ниеднаш!

Некои луѓе немаат среќа, а во таа група може да се смести и Англичанецот Крис Брум, кој потрошил околу 4.000 евра за да го однесе синот Зак на стадион и да го гледа во живо Кристијано Роналдо, а Португалецот не настапи на ниту еден од тие мечеви.

Роналдо не играше викендов против Лестер, наводно поради настинка. Пред тоа го немаше ниту на градското дерби против Сити. На двата меча, на трибините беа Крис и Зак Брум, но си заминаа разочарани. Освен за билети, пари даваа и за хотелско сместување и патувања.

Првиот пат кога сакаа да го гледат Роналдо, беше во 2020 година, кога ѕвездата беше член на Јувентус, но и тогаш Кристијано го немаше на терен.

„Потрошив доста пари, а уште не сме го гледале Роналдо. Му ветив на синот дека ќе го гледа Роналдо како игра и еден ден ќе му го исполнам тоа. Неверојатно е колку немаме среќа, но верувам дека тоа ќе се смени“, изјави таткото на разочараното дете.

- Оглас -

Најнови вести