Малери без крај за Азар – Белгиецот е повреден, ќе го пропушти дуелот со Аталанта во ЛШ

Еден Азар нема среќа со повредите, сè почесто е надвор од терените отколку што игра за Реал Мадрид, а сега пак е повреден и најавено е дека ќе паузира 3-4 недели.

Белгиецот се пожали на повреда на бутниот мускул и беше заменет по еден час игра против Леванте во саботата. Се обиде да тренира, но денеска го напушти тренингот на Реал Мадрид и се најавува пауза од речиси еден месец. Ако се остварат најавите на шпанските медиуми, белгискиот репрезентативец сигурно ќе го пропушти првиот осминафнален дуел со Аталанта, во Бергамо на 24 февруари во Лигата на шампионите.

Малерозниот офанзивец на Кралевите сезонава настапи само на 13 натпревари од вкупно 30 кои ги одигра екипата, по што изминатиов период почна да игра во континуитет и запиша четири настапи во последните шест дуели на Реал, притоа ниту еден не одигра цели 90 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести