Малерот Нкунку нема да заигра за Челзи пред декември

Францускиот напаѓач Кристофер Нкунку имаше операција на коленото, по која нема да може да игра во следниот период, а се спомнува пауза од три и пол месеци.

Ова е втор голем малер за новиот играч на Челзи за неполна година, откако го пропушти и Светското првенство во Катар поради повреда на тренинг пред почетокот на Мундијалот.

Нкунку на пријателските мечеви се покажа како топ засилување за Сините од Лондон, но се повреди на дуелот со Борусија Дортмунд во САД, па ова е сериозен удар за тимот кој ќе треба да игра без 25-годишниот ексиграч на Лајпциг до крајот на ноември.

Добро е за Челзи што ова се случи сега, па имаат опција брзо да купат нов напаѓач кој би бил стартер додека Нкунку е аут.

- Оглас -

Најнови вести