Малерозни 13 минути: Со 30 денари уплата, му избегаа над 400.000 денари!

Убедливата победа на Гранада против Еибар со 4:1 е причина поради која еден обложувач во Sport Life остана „пократок“ за добивка од 404.163 денари. На уплата само од 30 денари, мајсторски се погодени девет натпревари, а дуелот меѓу Гранада и Еибар е промашен само на погодоците.

Погодено е дека Гранада ќе победи, но тоа требало да се случи во меч на кој ќе нема повеќе од три гола. До 77-мата минута, резултатот беше според посакуваното на обложувачот од Гостивар затоа што домаќините имаа водство од 2:1.

Сепак, во последните 13 минути, Гранада постигна уште два гола за убедлив триумф од 4:1. Ова е првпат сезонава Гранада да даде четири погодоци на еден меч во Примера, и тоа во најлош можен момент за обложувачот кој дефинитивно има мајсторско ливче.

На тикетот, погодени се дуелите Лестер – ВБА 3:0, Атлетико Мадрид – Уеска 2:0, Сосиедад – Селта 2:1, Барселона – Хетафе 5:2, Наполи – Лацио 5:2, Рома – Аталанта 1:1, Зандхаусен – Хамбург 2:1, Архус – Рандерс 2:0 и Цирих – Јанг бојс 1:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести