Maлерозниот Ројс неизвесен за гостувањето на „Вембли“

Во таборот на Борусија Дортмунд се песимисти кога станува збор за закрепнувањето на Марко Ројс. Капитенот на „милионерите“ се повреди во средата во куп-натпреварот против Вердер Бремен, а вчера не ни беше во плановите на Лусиен Фавр во ремито со Хофенхајм.

Малерозниот Ројс кој цела своја кариера се мачи со повреди, е неизвесен за првиот дуел од осминафиналето во Лигата на шампиони, каде Дортмунд на „Вембли“ ќе се сретне со Тотенхем. Иако Германецот игра во полн погон и настапи на 27 меча во сите натпреварувања, за него ќе биде прво отсутво сезонава, а доаѓа во критичен момент за Дортмунд.

Мала утеха за „милионерите“ е што и Тотенхем ќе биде без двајца клучни играчи, познато е дека Хари Кејн и Деле Али нема да се вратат на терените овој месец.

Средбата меѓу Тотенхем и Борусија Дортмунд е закажана за во среда со почеток од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести