15.8 C
Skopje
недела, 4 јануари 2026

Мали направи големо чудо, го елиминира Тунис после пенали и се пласира во четвртфиналето на АКН

Фудбалерите на Мали се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации во Мароко, откако сензационално го елиминираа Тунис во Казабланка.

Регуларните 120 минути завршија 1-1, но Мали успеа да слави во пенал-серијата со 3-2 и сега ќе се соочи со Сенегал, кој претходно го победи Судан со 3-1.

Мали одигра речиси цел меч со играч помалку, откако Војо Кулибали доби директен црвен картон во 26-тата минута. И покрај тоа, тимот успеа да издржи и да направи вистинско чудо на теренот.

Највозбудливите моменти од натпреварот се случија во самиот финиш. Во 88-та минута, Тунис поведе со гол на Фирас Шауат, кој со удар со глава искористи убав центаршут од Елиас Сад, за 0-1.

Меѓутоа, Мали не се предаде. Само осум минути подоцна, во 96-тата минута, тимот обезбеди пенал по играње со рака на дефанзивецот на Тунис, Мерија.


Ласина Синајоко рутински реализираше за 1-1 и го однесе мечот во продолженија.

Во дополнителните 30 минути немаше промена на резултатот, па се пристапи кон драматичната пенал-серија, во која Мали со храброст и решителност го обезбеди историското место во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести