-1.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Мали сме на мапа, ама прераснуваме во важен фактор на европската фудбалска карта

По настапот на Европското првенство изминатово лето, Македонија има шанса и да се пласира во баражот за СП.

Со победа над Исланд, „црвено-жолтите“ ќе дојдат до плеј-офот, односно чекор поблиску до најголемото спортско натпреварување на планетата.

Во минатото, практично можевме да сонуваме за вакво нешто, а изминативе години, со работа и труд, но, и пред сè добро организирани структури, покажавме дека имаме потенцијал да се надигруваме со најдобрите, и не само да се надигруваме, туку и да победуваме.

Пред само неколку месеци, успеавме да ја совладаме Германија и тоа на нејзин терен, нешто што многу години наназад не им успеале на далеку поквалитетни и побогати фудбалски нации.

Изминатово лето бевме дел од најголемото континентално натпреварување, Европското првенство, а таму и покрај тоа што не освоивме ниту еден бод, одигравме навистина добро, и бевме рамноправни противници против Австрија и Украина, додека.

Сето тоа е јасно дека Македонија, иако е мала на мапа, полека но сигурно станува многу важен фудбалски фактор во Европа, што нам секако ни годи, после долги години просечни натпревари, каде што речиси секогаш бевме меѓу последните.

- Оглас -

Најнови вести