Малиновски: Кристијано Роналдо не е најдобар играч во Серија А

Фудбалерот на Аталанта и украински репрезентативец, Руслан Малиновски, не мисли дека Кристијано Роналдо е најдобар играч во италијанската Серија А.

Малиновски кој пролетва игра одлично, од 6 март наваму, на 11 меча имаше 6 гола и 9 асистенции, и ќе биде голема закана за македонската селекција во Букурешт кога избраниците на Игор Ангеловски ќе се сретнат со Украина, сезонава во Серија А имаше двоцифрен број на голови и асистенции, и не е посебно импресиониран од Роналдо.

„Нема веднаш да кажам дека Роналдо е најдобар во Италија, мислам дека во лигата има подобри играчи од него“ – рече Малиновски, кој кажа дека најдобар играч со кој бил тимски колега е Луис Муриел, а од противниците, изненаден е од квалитетот на Зјелински од Наполи.

- Оглас -

Најнови вести