Малиот клуб од Шведска не треба да се грижи за својата иднина: Двајца поранешни фудбалери им вредат 120 милиони евра

Малиот шведски клуб, Бромапојкарна, не треба да се грижи за својата иднина, бидејќи двајца нивни поранешни фудбалери заедно вредат 120 милиони евра. Клубот кога ги продаде Дејан Кулушевски и Виктор Гјокерес заработи 4.5 милиони евра. Кулушевски беше продаден на Аталанта за 3.5 милиони евра, а Гјокерес на Ковентри за еден милион евра.

Бромапојкарна заработува од солидарниот фонд за фудбалерите кои потекнуваат од нивната академија, но и по 5% од секоја следен трансфер на фудбалерите. Според аналитичарите, заработата само за овие двајца фудбалери на крајот може да изнесува помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Вредноста на Кулушевски во моментов е 55 милиони евра, додека вредноста на Гјокерес е 65 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести