Славниот напаѓач на хокеарскиот тим Питсбург пингвинс, Евгени Малкин, на „Инстаграм“ објави фотографија на која во една фитнес-сала позира со тенисерката Каролина Возњацки.
Малкин, кој има 32 години, целата досегашна 14-годишна кариера во НХЛ ја мина во Питсбург пингвинс. Тој сезонава во најсилната лига на светот на 36 меча има 37 поени (11 гола и 26 асистенции).
Возњацки е 28-годишна, таа е на третото место на ВТА-листата. Нејзиниот татко Пјотр е Полјак, а Каролина покрај данскиот, англискиот и полскиот, добро го познава и рускиот јазик, па сигурно имале што да си кажат со Малкин.
Дали помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство, тешко е да се каже. Малкин од пред три години е во брак и има двегодишен син, а Каролина од 2017 година е верена.