Малком по стапките на Фирмино, првакот убедлив иако Бензема не даде гол

Ал-Хилал со победа од 3-1 стартуваше во новата сезона во првенството на Саудиска Арабија, а триумф од 3-0 извојува актуелниот првак Ал-Итихад, за кого дебитираше Фабињо.

Најпознатиот саудиски клуб Ал-Хилал, кој деновиве треба да се засили со Нејмар, можеби и со Александар Митровиќ, засега не треба да се грижи за нападот бидејќи Бразилецот Малком денеска направи хет-трик и има пет гола на четири настапи откако дојде во клубот. Малком е вториот играч по сонародникот Фирмино кој даде три гола во првото коло сезонава. Во противничкиот тим Абха, кој има полски тренер, дебитираше полската ѕвезда Криховијак.

Првата ѕвезда на шампионот Ал-Итихад, Карим Бензема, не постигна гол на своето деби во саудиската лига, но асистираше при првиот гол, со кој беше скршен отпорот на противниците во 58-мата минута.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести