По регуларните 180 минути во двата меча, ПСВ Ајндховен и Јувентус играат со вкупен резултат од 3:3, што значи дека драмата продолжува со продолженија (двапати по 15 минути), а можеби и пенали.
Јувентус во Холандија отпатува со предност од 2:1 стекната на првиот меч во Торино, а по првото полувреме во Ајндховен немаше голови. Сепак, во второто полувреме се случија многу возбудувања.
ПСВ поведе со голот на Иван Перишиќ во 53-тата минута, а погодокот на искусниот хрватски интернационалец може да го видите ТУКА.
Јувентус возврати точно 10 минути подоцна, кога Тимоти Веа израмни на 1:1 и овој погодок може да го видите ТУКА.
Возбудувањата продолжија со погодокот на Саибари во 74-тата минута, кога ПСВ стигна до предност од 2:1, резултат кој е идентичен од првата средба, па затоа сега се играат дополнителни 30 минути. Вториот гол на ПСВ може да го видите ТУКА.