Малку чудно: Даде гол за победа на Јувентус, па им се извинуваше на своите навивачи

Јувентус со 2:1 славеше над ПСВ Ајндховен во Торино, во првиот меч од нокаут-фазата за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Јувентус водеше по првото полувреме со 1:0, потоа Иван Перишиќ израмни на 1:1, а во 82-рата минута Самуел Мбангула постигна погодок за голема радост на домашните фанови на трибините на стадионот во Торино.

Мбангула влезе во игра во второто полувреме и даде гол за победа, но по средбата, беше самокритичен и рече дека не играл доволно добро, па затоа им се извини на навивачите на Јувентус.

„Постигнав гол што ни ја донесе победата, но не сум задоволен од тоа како одиграв денес. Знам дека можам многу повеќе и се извинувам за мојот настап. Откако примивме гол, требаше да продолжиме да играме како порано и да го контролираме натпреварот. Знам дека со класата што ја има овој тим, можеме да постигнеме многу голови и да победиме многу натпревари“, изјави Мбангула, кој го постигна првиот гол во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести