Малку е и смешно – Ќе се игра идната година, но официјално останува ЕП 2020

Логото и името на континенталниот шампионат во фудбал остануваат по старо, што значи дека следната 2021 година ќе се игра ЕП 2020.

УЕФА треба само да потврди, но неофицијално веќе е одлучено да не го менува ниту логото, ниту името. Ќе биде малку и чудно, но сепак и донекаде е и логично, бидејќи корекциите ќе чинат пари.

Многу материјали и цел маркетинг и пари што се вложени досега се за ЕП 2020, па менувањето ќе значи дополнителни трошоци.

Првенството според одлуката од пред шест дена ќе се игра од 11. јуни до 11. јули следната година, а и Македонија има шанса да учествува.

За подвиг и историја ни требаат две победи во јуни годинава. Најпрво против Косово на 4. јуни на домашен терен, во Скопје и потоа против победникот од второто полуфинале во Д сегментот од Лигата на Нации меѓу Грузија и Белорусија.

Ако го минеме Косово, финалето и мечот за пласман на ЕП ќе го играме на 9. јуни на гости, или во Тбилиси, или во Минск.

 

- Оглас -

Најнови вести