19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Малку фалеше Роналдо да ја има и првата тепачка во Саудиска Арабија (Видео)

Кристијано Роналдо повторно е во центарот на светското внимание откако даде гол првенец во дресот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. Португалецот погоди од пенал во 93 минута, гол кој го спаси неговиот тим од пораз. На крајот, Ал-Наср одигра 2:2 на гости кај Ал-Фатех.

Во текот на мечот, Роналдо многу се мачеше за да ја затресе мрежата на противникот. Првата ѕвезда на теренот имаше неколку шанси, од кои не успеа да погоди, моменти кои донесоа и фрустрации кај Роналдо.

Во еден момент, додека неговиот тим губеше со 2:1, Роналдо имаше конфликт со еден противнички играч, поради што двајцата добија жолт картон. Амар Ал Дахем по еден дуел со Роналдо, остана да лежи во шеснаесетникот. Тој се жалеше на удар, а Роналдо се налути и се обиде на сила да го крене од теренот.

Тогаш се случи поголем метеж, но за среќа поголем инцидент не се случи.

https://twitter.com/i/status/1621551310494474241

 

- Оглас -

Најнови вести