Одличен беше стартот на четвртата сезона на Спортска прогноза откако дури тројца прогнозери беа на чекор од освојување на Среќна 13-ка. Тројцата прогнозери кои имаа 12 погодоци ќе си добијат вредносни ваучери од Sport Life по 1.000 денари, но за малку останаа без главната премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 12“.
Сашо Т. и Стефан Ф. го промашија само ремито на Бордо и Анже затоа што нивната прогноза беше дека домаќините ќе победат. Андреј С. го осети ремито на Бордо – Анже, но неговиот кикс беше на дуелот од Премиер лигата меѓу Вест хем и Лестер. Андреј типувал победа на Лестер, а Чеканите славеа дома со 4:1.
Освен тројцата најдобри, вредносни ваучери од Sport Life ќе има и за уште 23-ца играчи на Спортска прогноза, кои имаа по 11 погодоци на крајот од првото коло. Ова коло е интересно и поради тоа што еден меч во 13-те понудени не го дочека својот крај. Дуелот Ница – Марсеј беше прекинат, а на негово место влезе средбата Торино – Аталанта, на која гостите се радуваа со 2:1.
Вкупно 26 ваучери со вкупна вредност од 14.500 денари ќе додели Sport Life во првото коло на БЕСПЛАТНАТА игра Спортска прогноза. Ова е доказ дека лесно може да се заработат ваучери, но и вредниот „ајфон 12“ со малку знаење и среќа.
Денека во 14 часот очекувајте ги паровите за второто коло и не чекајте, приклучете се и прогнозирајте на Спортска прогноза.