Малку и морбидно од „Марка“: Тука почива тимот што пишуваше историја

Овде почива тимот што испиша историја, е насловната страница на „Марка“ еден од најчитаните медиуми во Шпанија, но и близок до Реал Мадрид.

На таков начин, малку и морбиден, новинарите на „Марка“ го опишаа вчерашниот дебакл на актуелниот европски првак против Ајакс.

Реал загуби со 1-4 на „Сантијаго Бернабеу“ и лесно ја прокоцка предноста од Амстердам од 1-2.

На насловната страница на реномираниот мадридски медиум е фотографијата со празни трибини и со веќе споменатиот наслов, а во текстот се најавува крајот на една генерација, која успеа трипати по ред да ја освои европската круна предводена од сега веќе поранешниот лидер на тимот Кристијано Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести