31.8 C
Skopje
четврток, 24 јули 2025

Малку ќе бидат 90 минути за да се добие новиот европски првак

6202 Италија – Англија (21ч)

Дојде денот за Европа да го добие новиот фудбалски владетел, одлучуваат Италија и Англија во класикот кој ќе се игра на култниот „Вембли“ стадион во Лондон. Гордиот Албион практично е домаќин на мечот за титулата и ја доби фаворитската улога. Двете селекции непоразени стигнаа до финалето со тоа што Англичаните првпат примија гол во полуфиналето против Данска, додека Аѕурите дозволија два гола повеќе во мрежата на Донарума.

По третпат во историјата ќе се сретнат во меч од ЕП, а Италија претходно двапати славеше со 1-0 во 1980 година во групната фаза, па по долга пауза во четвртфиналето од ЕП 2012 на пенали. Англичаните немаат победа во последните пет меѓусебни дуели во сите конкуренции, факт кој може да им врши притисок на играчите на Саутгејт покрај тоа што самиот влог во овој меч е огромен.

За да стигнат до големото финале, двете селекции победуваа по 120 минути битка – Италија беше подобра на пенали против Шпанија, а контроверзен пенал во продолженијата ѝ донесе голема радост на Англија против Данска. Поради тоа, надежите се дека ова финале нема да се реши во 90 минути.

Предлог тип: X (3.05)

 

7001 Новак Ѓоковиќ – Матео Беретини (15ч)

Првпат во историјата на Вимблдон италијански тенисер ќе се бори за гренслем-титулата, но на Беретини му се погоди токму бранителот на трофејот и првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, да му биде протиник во мечот за историја.

Најдобриот тенисер во моментов е во мисија да се израмни со Федерер и Надал на по 20 гренслем-титули, односно по шести пат да биде најдобар на неофицијалното светско тениско првенство.

Откако Ѓоковиќ загуби еден сет во првото коло, до финалето стигна победувајќи без грешка, што е најава дека Беретини го чека потоп, но Италијанецот не треба од старт да биде отпишан и се остава простор да се случи маратон. Новак двапати го надигра Матео во исто толку пресметки, сезонава на Ролан Гарос и во 2019 година на финалниот турнир на АТП.

Предлог тип: 3-1 во сетови точен резултат (3.50)

 

2701 Хака – Купс (17:30ч)

Купс со пет победи во низа планира да ја одржи одличната форма и има големи шанси да го стори тоа со оглед дека домаќините освоија само два бода во последните пет кола од финскиот шампионат. Купс посакува да го преземе второто место на табелата кое го дели со Интер Турку со по 22 бода по 11 одиграни меча, па доколку триумфира ќе ја закопа Хака во долниот дел од табелата.

Во четири од последните пет меѓусебни дуели, двете екипи постигнувале барем по еден гол, односно со просек од три гола по натпревар Хака и Купс делат по две победи и едно реми.

Предлог тип: X2 & 1-3 (1.89)

 

2606 Oштерсундс – Гетеборг (17:30ч)

По одиграни девет кола во шведското првенство, им се предвидува тешка сезона на двете екипи и борба за опстанок. Гетеборг нанижа четири ремија пред да загуби од Елфсборг во претходното коло, па со девет бода стои точно над црвената зона, во кој Оштерсундс седи со осум бода и учинок од една победа и четири порази во последните пет кола.

Само во еден од последните пет меѓусебни дуели немало голови, а во нив се памети неверојатен триумф од 7-1 на денешните гости, додека Гетеборг славеше со убедливи 4-0 и во последното гостување кај Оштерсундс.

Предлог тип: 3+ (2.0)

 

2507 Молде – Одс (18ч)

Сарпсборг му ја прекина победничката серија на лидерот Молде со минимален триумф, па норвешкиот вицепрвак има цел против Одс да се врати во тој ритам и да го продолжи походот кон нова титула.

Гостите во Молде доаѓаат со добра форма, со три победи и две ремија во последните пет кола и надеж дека ова гостување нека да биде разочарувачко за Одс како претходното. Молде славеше во два од последните пет меѓусебни средби, во кои претходно се редеа нерешени резултати во кои редовно имаше повеќе од два гола.

Предлог тип: 1 & 0-4 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести