Малку му фали на Ван Дајк за историски подвиг (Фото)

Вирџил Ван Дајк го одигра првиот меч за Ливерпул на домашен терен во Премиерлигата по долг период во кој не настапуваше поради повреда, а по победата против Барнли со 2:0, Холанѓанецот е се поблиску до интересен рекорд.

Ван Дајк по 48. пат го носеше дресот на Ливерпул на култниот стадион и нема ниту еден пораз, со биланс од 43 победи и пет нерешени натпревари.

Подолга серија од него во Премиерлигата има само Ли Шарп, поранешниот играч на Манчестер јунајтед кој имаше серија од 59 меча на „Олд Трафорд“ без пораз.

Ван Дајк го пропушти вториот дел од сезоната лани и потоа не настапи ниту на Европското првенство за Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести