Пријателскиот натпревар меѓу Марсеј и Вилјареал кој заврши со 2-1 во корист на домаќините, можеше да добие многу поинаков крај доколку не реагираа од стручниот штаб на Марсеј.
Се играше 49-тата минута кога Фојт доби втор жолт картон и исклучување, на Унај Eмери воопшто не му се допадна одлуката на судијата и почна нервозно да се расправа со сите околу него, па се сврте кон тренерот на Марсеј, Хорхе Сампаоли.
Со гестикулации и урлање Емери му се обрати на Аргентинецот, а овој без размислување тргна кон него да го реши проблемот, веројатно употребувјќи сила. За среќа еден од асистентите на Сампаоли го застана, а предводникот на Вилјареал замина во соблекувалната откако и тој доби црвен картон за недоличното однесување.
https://streamable.com/l5kpje