Поминаа повеќе од 24 часа откако стартуваше новото осмо коло на Спортска прогноза, а по малку необични се досегашните резултати од прогнозерите. За шест сезони на оваа атрактивна игра не се случило во едно коло наеднаш европски гиганти како Реал Мадрид, Милан и Манчестер јунајтед да не бидат во улога на фаворити. Тоа е така затоа што сите три играат дерби-дуели во своите домашни првенства.
Во најголемото дерби во светот, Реал Мадрид гостува кај Барселона, а Реал Мадрид има малку помалку од 30 отсто шанси за триумф. Милан игра на стадионот „Диего Армандо Марадона“ против Наполи и едвај 20 отсто од прогнозерите веруваат дека Росонерите може да освојат три бода.
Манчестер јунајтед игра на „Олд Трафорд“, но очајни 12 отсто чекаат радост на Црвените ѓаволи, а тоа е така затоа што противник им е градскиот ривал Манчестер сити. Во понудата има уште 10 интересни средби од најсилните лиги во Европа, а главна цел на секој прогнозер е да се погодат 13-те фиксови и да се погоди Среќна 13-ка.
За оној кој ќе успее да погоди 13 фикса, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Прогнозерот со 12 погодени натпревари добива ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека со 11-ка ваучерот е во вредност од 500 денари.