Френк Лампард прави чудо како тренер на Челзи, после денешната победа од 2-0 над Кристал Палас во 12-тото коло од Премиерлигата, „сините“ се втори на табелата, додуша со еден меч повеќе од Манчестер сити.
После продажбата на Еден Азар и неможноста да купат играчи, се очекуваше Челзи да падне, но засега пријатно изненадува и држи чекор со водечките.
Тами Абрахам со 22 години и 38 дена е втор најмлад играч по Арјен Робен (21 година и 342 дена), кој во една премиерлигашка сезона постигнал двоцифрен број на голови во дресот на Челзи.
Откако гостите утнаа прекрасна шанса да изедначат во 71 минута, казната дојде десетина минути подоцна кога Кристијан Пулишиќ зголеми на 2-0 и ги реши дилемите околу тоа дали ќе има победник на натпреварот. За Американецот Пулишиќ, ова беше прв гол на „Стемфорд Бриџ“.
Пулишиќ и Мохамед Салах од Ливерпул се единствените играчи сезонава во Премиерлигата кои имаат барем по 5 голови и асистенции.