Новото 17-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку интересни мечеви, а, секако, главно дерби е Интер против Милан, во кое голем фаворит на мнозинството прогнозери се Црно-сините.
Цели 73 отсто од досега пријавените типуваат на кец на Интер, а помалку од 10 отсто играчи веруваат дека градското дерби на Милано ќе заврши со триумф на Росонерите.
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Дерби има и во Холандија, каде што Феенорд го пречекува ПСВ Ајндховен. Само 15 проценти прогнозирале триумф на гостите, а најголем аутсајдер во 13-ката е Селта, која засега добила доверба од само 2,4 отсто прогнозери дека ќе победи на гости кај Бетис. За победа на Бетис типувале 87,5 отсто играчи.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.