Малку радост во тешки моменти за Австралија – Барти стигна до полуфинале, ќе игра против Кенин

Ешли Барти го доби дуелот на шампионките против Петра Квитова, славеше со 7:6, 6:2 и е првата Австралијка по 36 години пауза што ќе игра во полуфиналето на првиот Гренд слем турнир во сезоната на тениските терени во Мелбурн.

Барти донесе радост во тешки моменти за земјата која страдаше во страотните пожари, а сега сака реприза на патот на последната Австралијка што играла во финале на Отвореното првенство на Австралија.

Тоа е Венди Трнбул, дама која не успеа да го освои и пехарот бидејќи загуби од Хана Мандликова во мечот за титула во 1980 година.

Противничка на Барти ќе ѝ биде Американката Софија Кенин, тенисерка што ја елиминира Тунижанката Онс Џабер и го забележа најголемиот успех на Гренд слем турнирите. Кенин е родена во Москва, но игра за САД и ќе го игра првото Гренд слем полуфинале во кариерата по победата против Џабер со 6:4, 6:4.

 

- Оглас -

Најнови вести