Малку среќа ама малку и знаење – Атанасов влезе и погоди од слободен удар (ВИДЕО)

Јани Атанасов постигна гол од слободен удар во победата на Хајдук над Славен Белупо од 5:1.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 74-та, а само три минути подоцна ја погоди мрежата на гостите, откако неговиот удар од живиот ѕид го промени правецот и заврши во голот. За нашиот репрезентативец, ова е втор гол сезонава во ХНЛ.

Интересно е што Хајдук губеше на полувреме, а во второт најпрво преку Јан Млакар измрани во 51-та. За 2:1 погоди Давид Чолина (60′), додека во последните мигови двоен стрелец беше Никола Калиниќ.

Со овие три бода, Хајдук сега има 12 и е на треттото место со шест одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести