Во јули 2011 година НБА се соочи со локаут кој траеше точно 161 ден, поточно до 8 декември. Во тој период Леброн Џејмс како член на Мајами хит доста време поминал тренирајќи со тимот од НФЛ Далас каубојс, што го натерало Кралот да размисли за смена на спортот. Во една радиоемисија Леброн откри дека сериозно размислувал да заигра во НФЛ-лигата.
„Размислував за тоа бидејќи не знаев колку ќе трае локаутот. Бев мртов сериозен во намерата, дури почнав да вежбам во сала за вежбање пожестоко од вообичаеното со цел да стигнам до физичките предиспозиции доследни на играч во НФЛ“, порача Леброн.
Сепак, неговиот сон траеше кратко бидејќи сезоната во НБА-лигата продолжи, а Кралот се задржи на баскетот и во следните неколку сезони стигна до првите два шампионски прстени.