Остануваат уште помалку од 24 часа до крајот на типувањето за најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life.
Преку 2.000 типувачи веќе го кажаа своето мислење, а малкумина од нив веруваат во победа на Манчестер јунајтед над Арсенал. Само 13% од играчите на Спортска прогноза очекуваат победа на „црвените ѓаволи“ во премиерлигашкото дерби, додека 70% веруваат во триумф на „топчиите“.
Во Италија ќе биде интересно на мечот помеѓу Рома и Милан, а речиси половина од оние кои типувале или 47% очекуваат реми на „Олимпико“ во Рим.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


