Малме им се враќа на победите

2608 Малме – Дегерфорс (19.10 ч.)

Малме одлично ја започна сезоната во шведскиот шампион, но во последните две кола освои само еден бод и падна на второто место на табелата со 25 бода. Неговиот противник Дегерфорс по 11 кола, освои само 11 бода. Малме со победа ќе се врати на лидерската позиција, а и традицијата е на негова страна. Овие два тима досега одиграле седум меча меѓу себе и Малме има скор од шест победи и едно реми.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (1.90)

 

2607 Варбергс – Хакен (19 ч.)

Ова е дуел меѓу последнопласираниот и третиот тим на табелата во шведскиот шампионат. Варбергс е единствен тим во лигата кој нема победа и има само седум постигнати гола, додека неговиот противник е најефикасен во лигата со 29 дадени голови. Сите досегашни меѓусебни натпревари завршиле со најмалку два постигнати гола, а интересно е што последен пат кога еден тим не дал гол било во 2012 година.

Предлог тип: 2 & 1+I & 1+II (1.86)

 

1277 Слајго роверс – Шемрок (19 ч.)

Шемрок е лидер во шампионатот на Ирска со 36 бода и во последните девет кола оствари седум победи. Неговиот противник Слајго роверс пак игра во лоша форма, загуби на четири од последните пет меча. Овие два тима годинава одиграа веќе два меча меѓу себе и Шемрок славеше на еден, а другиот заврши без победник. Формата е на страната на Шемрок и за очекување е да оствари нов триумф.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.24)

 

1276 Дандалк – УЦД (18 ч.)

Натпреварот од ирскиот шампионат се гаранција за голови, а посебно доколку игра најслабиот тим во Премиер лигата. УЦД по 18 кола, има само една победа и само шест освоени бода и гол-разлика од десет дадени и дури 41 примен гол. Неговиот противник Дандалк игра офанзивен фудбал, има гол-разлика 25:26, што е гаранција дека и вечерва треба да се очекува мрежите да се тресат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

1801 Хамбургер – Штутгарт (20.45 ч.)

Штутгарт заврши голем дел од работата во првиот меч за опстанок во Бундеслигата на кој славеше со 3:0 и се очекува вечерва реваншот да претставува формалност. Со евентуално еден постигнат гол, Штутгарт ќе го завери опстанокот во Бундеслигата, а и традицијата е на негова страна иако не се очекуваат многу голови поради значењето на натпреварот. Последен пат кога Штутгарт не постигнал гол на гости против Хамбургер било во далечната 2008 година.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести