1811 Вехен – Јан Регенесбург (20:30)
Екипите на Вехен и Јан Регенесбург вечерва ќе одлучат кој ќе биде последниот член на втората Бундеслига. Во пресрет на баражот и двете екипи играа во катастрофална форма и заборавија кога последен пат победиле, но вечерва мора да има победник, дури и тоа да биде преку пеналите. Првиот меч од баражот заврши нерешено, 2-2, а вечерва во мала предност ќе биде домашната екипа.
Предлог тип: 1Х & ГГ (2.17)
1640 НАК Бреда – Екселсиор (20:00)
НАК Бреда и Екселсиор вечерва ја започнуваат битката за последниот учесник во најквалитетната холандска лига, Ередивизие. Домаќините ќе се обидат пред својата публика да дојдат до предност во пресрет на реваншот, а Екселсиор брка позитивен резултат за опстанок во лигата. Овие две екипи на последните 11 меѓусебни натпревари постигнуваа најмалку по два гола, а последен пат играле 0-0 во 2018 година.
Предлог тип: 12 & 1+I (1.61)
1901 Хартберг – Австрија В. (19:00)
Во Австрија се одлучува за последниот учесник во фудбалска Европа, а Австрија Виена има предност од 2-1 од првиот меч против Хартберг. Домашните на последните пет натпревари дури четирипати одиграа „гол-гол“, а фудбалерите на Австрија Виена тоа го направија на последните три меча. Во меѓусебните дуели, последните три натпревари завршуваа „гол-гол и 3+“.
Предлог тип: : ГГ и 3+ (1.80)
2518 Старт – Согндал (19:00)
Ефикасен фудбал се очекува во втората норвешка лига, на дуелот помеѓу екипите на Старт и Согндал. Домашните на последните два меча одиграа 3+, а гостите се во серија од пет натпревари на коишто играат најмалку со два гола. Во меѓусебните дуели на последните шест биле постигнувани по најмалку два гола.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.84)
2601 Малме – Елфсборг (19:00)
Лидерот во првенството на Шведска, екипата на Малме, на домашен терен го пречекува Елфсборг, состав кој се наоѓа во средината на табелата. Домашните се големи фаворити со оглед на тоа дека на првите 11 натпревари сезонава собраа дури 28 бода, а последниот домашен пораз го доживеаја во јули минатата година од Мјалби.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.64)