Екипата на Гзира е едно од најпријатните изненадувања во Европските купови летово. Тимот од Малта во првото квалификациско коло едвај го елиминира ривалот од Андора. Откако двата меча завршија нерешено, во дополнителните 30 минути Гзира даде гол за поминување во второто коло, каде што за ривал го добија Раднички Ниш.
Српскиот тим беше голем фаворит, но во двата меча не го победи ривалот од Малта. Првиот меч заврши 2:2, а вториот 3:3, па Гзира се радуваше на пенали. Сега ривал на Гзира е Волфсбергер од Австрија, а на првиот меч на гостински терен екипата од Малта одигра без голови, па сега на реваншот на свој терен ќе има шанса да направи нова сензација.
Со овие резултати на Гзира јасно е дека фудбалот на Малта доживува ренесанса. Денеска во квалификациите од Конференциската лига ќе играат уште два тима од оваа островска земја.
Хибернијанс гостува во Летонија кај РФС и тука тимот од Малта е аутсајдер, но факт е дека едноставно ова може да биде уште една „мина“ за обложувачите.
Екипата на Хамрун дома игра против Левски, а бугарскиот тим е фаворит. Хамрун во претходното коло го елиминира Вележ и покажа дека има квалитет за повторно да изненади.