Малтешкото чудо го шокира и Левски во Софија (Видео)

Екипата на Хамрун од Малта ќе игра во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига откако на неверојатен начин го елиминира Левски, и тоа сред Софија.

Левски имаше предност од 1:0 по првиот меч на Малта и пред своите навивачи беше голем фаворит за победа. Сепак, гостите први погодија за водство во 78-мата минута. Левски даде гол за 1:1 во 91-вата минута, а додека домашните играчи и навивачи се радуваа, следуваше „ладен туш“.

Гостите само што изведоа од центарот, успеаја да дадат гол за 2:1, што значеше дека ќе се играат продолженија.

Потоа немаше погодоци, па мораа да се шутираат пенали. Во пенал-рулетот гостите од Малта ги погодија сите четири пенали, додека фудбалерите на Левски промашија два од трите шута кои ги упатија од белата точка.

 

- Оглас -

Најнови вести