Лацио го победи Интер со 3-1 во дербито на Серија А кое мина во знакот на феноменалниот погодок на Луис Алберто.
Шпанецот кој влезе во игра во 57-ма минута, постигна гол за 2-1 со неодбранлив шут во 75-та минута, а Педро кој истотака е Шпанец и влезе во 57-ма минута, стави точка со уште еден убав гол.
Се покажа дека тренерот Маурицио Сари ги погоди измените, за разлика од неговиот колега Симоне Инѕаги кој е екс играч и тренер на Лацио, чии измени не донесоа ништо добро.
За Интер заврши серијата од шест лигашки победи по ред, низа која почна во минатата сезона.
https://twitter.com/i/status/1563261060164964355