Голанот на грузиската фудбалска репрезентација Ѓорѓи Мамардашвили беше еден од оние играчи кои блесна на Европското првенство во Германија. Со неговите одбрани, Мамардашвили беше еден од најзаслужните што Грузија ја помина групната фаза и се пласираше во нокаут фазата.
За 23-годишниот голман се интересираат повеќе европски екипи и сите очекуваат негово заминување од неговиот сегашен клуб Валенсија со која има договор до 2027 година. За Мамардашвили се заинтересира Баерн Минхен, но голманот одби да оди во баварскиот гигант затоа што немаше да биде прв голман, а не сака да биде резерва.
Сега, најавите се дека англискиот премиерлигаш Ливерпул е заинтересиран за трансфер на голманот на Валенсија. Шпанскиот тим има поставено цела од 45 милиони евра за голманот, а Ливерпул е подготвен да понуди 30 милиони евра, плус бонуси кои бидат целосно остварени може да се случи трансферот да вреди и 50 милиони евра.
Сега останува Валенсија да реши дали ќе ја профати оваа понуда. Шпанскиот тим сигурно е подготвен да го продаде Мамардашвили затоа што Валенсија летово веќе го доведе македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. Токму Димитриевски треба да биде наследникот на Мамардашвили и нов прв голман на Валенсија во новата сезона.