Мамардашвили со мислите веќе е во Ливерпул, Садик ја спаси Валенсија од голем кикс (Видео)

Валенсија мораше да победи против Ваљадолид и го стори тоа, Лилјаците против најслабиот тим во Ла Лига славеа со 2-1, и ја продолжуваат битката за опстанок.

Ваљадолид кој е убедливо последен на табелата, сезонава има освоено само три бода на гостински терен, а вечерва во Валенсија даде гол благодарение на киксот на голманот Мамардашвили, кој го искористи Латаса за 1-1 во тој момент.

Валенсија сепак победи, голот за 2-1 беше дело на Садик кој има пет гола на десет меча во дресот на Лилјаците.

Ова е грешката на човекот кој има договор со Ливерпул за следната сезона и порадо него Столе Димитриевски е закован на клупата за резерви во Валенсија:

- Оглас -

Најнови вести