Мамеше воздишки, но сега разочара – Соло ќе мора во затвор, била толку пијана што заспала во автомобил со двете деца и запален мотор

Една од најатрактивните спортистки, Хоуп Соло, сега веќе ексрепрезентативка на САД во фудбал, ќе мора да одлежи 30 дена во затвор откако била најдена пијана во својот автомобил на паркинг, а моторот работел и внатре биле нејзините две деца близнаци на возраст од две години.

Полициска патрола ја нашла 40-годишната Соло на паркинг во Винстон-Салем во Северна Каролина.

За среќа, за децата нема никакви последици од шокантниот чин на нивната мајка, која е тројна олимписка шампионка со САД и еднаш беше и светска првенка, а ја сметаа за една од најатрктивните спортистки.

Судот и одреди затворска казна од 30 дена и парична глоба од 2.500 долари и плус 600 долари за дополнителни трошоци.

 

- Оглас -

Најнови вести